Винсат Кабел

ЈА НОСИМЕ ЗАБАВАТА ВО ВАШИОТ ДОМ

Интернет, Телевизија и Телефонија по најдобри цени

Услугите на Винсат Кабел во моментот се нудат во 3 градови во Македонија: Скопје, Виница и Кратово.

Благодарение на конкурентните цени, квалитетот на услугите, изборот на канали и пакети прилагодени на потребите на купувачите, како и коректниот однос кон корисниците. Винсат Кабел е компанија која секојдневно се здобива со нови корисници и секоја година бележи пораст во бројот на корисници и пораст на приходите.

Од компанија со десетина вработени во 1999 година, Винсат Кабел постигна голем успех заземајќи значајно место на телекомуникацискиот пазар во Р. Македонија. Следејќи ги трендовите и развојот во телекомуникациската сфера, за прв пат во Р. Македонија во 2001 година е поставена оптичка мрежа токму од страна на компанијата Винсат Кабел. Сепак за најголемо достигнување се смета стартот на кабелскиот интернет кој исто така за прв пат во Македонија стартува во мрежата на Винсат Кабел.

Денес Винсат Кабел е фирма со многу километарска поставена мрежа, со многу стручен кадар, многу вработени и во секој град каде што работи има свој сопствен деловен простор уреден по најновите светски трендови со што им обезбедува пријатно чувство на вработените и корисниците кои доаѓаат таму.

Со 24 часовна грижа за своите корисници, постојано вложување средства за квалитетни канали и одржување ниска цена за своите услуги. Винсат Кабел денес има задоволни корисници кои ја претставуваат моќта и иднината на компанијата.

НИЕ ЈА ИМАМЕ НАЈДОБРАТА ПОНУДА ЗА ВАС

Изберете го Вашиот град и погледнете ја понудата

Контактирајте не!